Набрзо по премиерата на новите премиум паметни часовници од серијата Huawei Watch 3, Huawei објави дека Petal Maps – сопственото решение за мапи и навигација, веќе функционира на истите. Апликацијата нуди нови функции што ќе ги направат прошетките и патувањата уште попријатни.
Petal Maps може да се преземе директно од AppGallery за новите часовници. Така, апликацијата ќе ги прикаже податоците за навигација на одличниот AMOLED дисплеј на часовникот, давајќи им на корисниците најпогоден пристап до упатствата за навигација при одење, возење велосипед и други слични активности, со само еден поглед кон зглобот. По неколкумесечна работа од дома, животот полека се враќа во претходната динамика, а пешачење, трчање, возење велосипед и патување до блиски и далечни дестинации исто така стануваат сѐ почести.
Petal Maps Version 1.9 нуди одлики за уште полесно и пријатно секојдневие по пандемијата, со ажурирани информации за условите на патот, временските услови, сателитските мапи, навигацијата за возење и списоци со омилени места. Новите карактеристики вклучуваат:
- Алтернативни рути (Commute Cards) – Оваа одлика им помага на корисниците да патуваат по вообичаените рути, како на пример од дома до канцеларија и назад, на најефикасен начин. Petal Maps ви овозможува да ја внесете локацијата на вашиот дом и канцеларија и да креирате полиња со информации во кои можете да видите алтернативни правци со тековни детали за нив, како што се времето, растојанието, бројот на семафорите, во согласност со начинот на транспорт – пешачење, со автомобил, велосипед и др. Зачуваните информации за избраните локации, како што се домот и канцеларијата, се зачувуваат само во апликацијата и подлежат на зголемена заштита.
- Време (Weather Layer) – Новата функција обезбедува детални информации за времето задестинацијата до која патувате, со интересни анимации директно на мапата, како што се предупредувања за очекувано невреме.
- Сателитска мапа и терен – Новата подобрена сателитска мапа им дава на корисниците детален преглед на областа преку сателитски снимки. Мапата со висока резолуција ви овозможува да пронајдете географски карактеристики со неверојатна точност, а Terrain Layer дава корисни информации за време на вашите авантури на отворено.
- Информации за сообраќајот во реално време – Новата верзија воведува и интуитивна шема на бои што ја означува брзината на сообраќајот долж рутата. Возачите исто така можат да пристапат до зголемени мапи на раскрсници, благодарение на што можат да поминат многу полесно и правилно, особено низ оние посложените.
Лиу Ганг, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија, рече: „Со враќањето на многу луѓе во канцелариите и почестите патувања, ажурирањето на Petal Maps е точно на време за да ги направи овие процеси уште полесни и попријатни. А, новите и идни верзии на Petal Maps за новата серија на паметни часовници HUAWEI WATCH 3 ќе продолжат да ги изненадуваат нашите обожаватели со уште многу возбудливи одлики.“
Од премиерата на Petal Maps минатиот октомври, апликацијата постојано се ажурираше и збогатуваше, и стана сè по-популарна. Сега е достапна во повеќе од 140 земји, а навигацијата поддржува 26 јазици (не поддржува гласовна навигација на македонски јазик), а само во Европа има над 2,7 милиони корисници. Petal Maps е достапна за сите паметни телефони со Android и може да се преземе и од AppGallery и о
Поврзани артикли