Новиот извештај на Bloomberg сугерира дека новите MacBook Pro лаптопи ќе бидат претставени во периодот меѓу септември и ноември.

Ова е засновано на очекувањата дека 14 и 16-инчните MacBook Pro модели ќе влезат во масовно производство во текот на третиот квартал оваа година. Се очекуваше дека споменатите модели да бидат објавени порано, но тие беа одложени поради компликации со Mini LED дисплеите.

Сега се истакнува дека овие компликации се надминати со ангажирање нов снабдувач на Mini LED дисплеи, а тоа е компанијата Osram Opto Semiconductors.

Сепак, се очекува масовното производство на новите лаптопи да се одложи, па овие уреди може нема да бидат широко достапни за купување пред почетокот на 2022 година.

Новите MacBook Pro лаптопи треба да имаат преработен дизајн, Mini LED екрани, моќен нов M1X чипсет со најмногу 10 јадра и зголемен број на графички јадра (16, а можеби дури и 32).