Роботите во иднина ќе стануваат сѐ помали, попаметни, помеки, пофлексибилни и поразноврсни, а еден пример за „мека роботика“ потекнува од Универзитетот во Мериленд.
Станува збор за роботска рака изработена со 3D печатач, која може да го помине првото ниво во играта Super Mario Bros на конзолата Nintendo за помалку од 90 секунди.
Тим предводен од професорот Рајан Сохол дизајнираше интегирани флуидни кругови кои можат да се контролираат со помош на единствен контролиран притисок на водата. На пример, се користи низок притисок за движење на првиот прст. Потребен е умерен притисок за движење на вториот, а висок притисок во случај на третиот прст. Научниците успеаја да програмираат роботска рака и да ја „научат“ кога ликот во играта треба да оди и кога да скока. Овие дејства се изведуваат со прилагодување на нивото на притисок.
Тестирањето на прецизноста на дизајнот беше направено со помош на конзолата Nintendo и играта Super Mario Bros, а бидејќи играта не остава многу простор за грешки, предизвикот беше голем.
Производството на „меки“ роботи е бавно и комплицирано, но тимот научници користел 3D принтер PolyJet 3D кој овозможува печатење со употреба на разни материјали. На овој начин испечатиле различни компоненти кои потоа за еден ден ги составиле.
Раката на роботот за време на играта ја контролира програмиран софтвер кој правел различен притисок така што прстите ги притискале копчињата на контролорот, а раката го „минала“ нивото за помалку од 90 секунди.
Целта на научниците е да го искористат стекнатото искуство и да дизајнираат протетски помагала и уреди за рехабилитација. Тие јавно го споделија дизајнот и ги охрабрија другите да го модифицираат и да работат на свои проекти.
Извор: Klix.ba