Realme официјално ја претстави својата GT Master Edition серија телефони. Ова се верзии на уредите на компанијата со премиум дизајн, за кој е задолжен индустрискиот дизајнер од Јапонија – Наото Фукасава. Претставени се моделите Realme GT Master Edition и GT Master Exploration Edition.
Дизајнот на задниот дел од телефонот вклучува модели со ребрести шарки, заедно со мека кожа. Тука се и традиционалните верзии од матирано стакло.
Realme GT Master Exploration Edition доаѓа со закривен 6,55-инчен Super AMOLED панел, со брзина на освежување од 120Hz и FHD+ резолуција. Стандардниот Master Edition користи рамен 6,43-инчен супер AMOLED панел и има брзина на освежување од 120Hz. Двата уреда пристигнуваат со punch-hole 32MP селфи камери и сензор за отпечатоци под дисплејот.
На задниот дел на двата уреди има малку поинакви системи на камери. Exploration Edition има 50MP Sony IMX766 главен сензор со поддршка за OIS, а тука се и 16MP ултрашироката и 2MP макро камера. Стандардниот модел користи 64MP главна камера, заедно со 8MP ултраширока и 2MP макро.
Кога станува збор за чипсетот, Exploration Edition се потпира на Snapdragon 870, додека стандардниот GT Master Edition користи Snapdragon 778G. Достапни се 8GB и 12GB RAM меморија, како и 128GB и 256GB простор за складирање.
Батеријата од 4500mAh го напојува Exploration Edition, додека стандардниот модел користи 4300mAh батерија. И во двата случаи, поддржано е брзо полнење од 65W преку SuperDart адаптер.
Realme GT Master Edition пристигнува во сива, бела и градиент варијанта, со почетна цена од околу 370 долари за 8/128GB, додека 8/256GB варијантата чини околу 400 долари.
Realme GT Master Exploration Edition доаѓа во сива и боја и на кајсија, по цена од околу 432 долари за 8/128GB модел и околу 478 долари за 12/256GB верзија. Цените се за пазарот на Кина, каде телефоните прво ќе се појават во продажба, од 30. јули.
Поврзани артикли