Платформата за видеоконференции Zoom соопшти дека го купува Five9, провајдер на софтвер за контакт центри во Облак, со преземање на сите акции за 14,7 милијарди долари.
Ова е прва аквизиција на Zoom, како дел од подготовките за џиновските промени што ги планира во постпандемиското време, кога вработените ќе се вратат во канцелариите, и втора по големина во технолошкиот сектор во САД оваа година, зад планираното купување на Nuance Communication од страна на Microsoft за 16 милијарди долари.
Zoom е меѓу 16-те најуспешни растечки компании во последните 16 месеци откако пандемијата одеднаш ги принуди работодавците ширум светот да ги затвораат канцелариите и ги поттикна вработените во различни индустрии да работат од дома и комуницираат со колегите и клиентите во видео формат.
По скокот на приходите од 326 проценти минатата година, Zoom се соочува со природно забавување бидејќи компаниите се отвораат и состаноците се одржуваат повторно лице в лице. Иако лансираше нови производи, сметајќи на претстојните промени во својата деловна активност, Zoom сега е толку голем што тешко дека неговиот органски раст ќе ги задоволи инвеститорите на Волстрит, проценува CNBC.
Потребни се и нови извори на приход бидејќи Microsoft ја зајакнува конкуренцијата на пазарот со својата понуда на видео разговори на платформата Teams.
Извор: B92.net