Кога Xiaomi го претстави Redmi Note 10S во март оваа година, телефонот беше достапен во три бои – Ocean Blue, Onyx Gray и Pebble White. Сега компанијата ја објави новата Starlight Purple варијанта на телефон, која наскоро се очекува во продажба на глобалните пазари.
Ако не ги сметаме измените во дизајнот, се очекува спецификациите и цените на телефонот да останат исти како кај актуелните модели.
Redmi Note 10S користи 6.43-инчен AMOLED DotDisplay со FHD+ резолуција и има 13MP предна камера за селфи и видео повици. На задната страна се наоѓаат 64MP главна камера, 8MP ултраширока, 2MP макро камера и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот го покренува MediaTek Helio G95 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање кој може да се прошири преку microSD картичка.
Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со подршка за 33W брзо полнење. Покрај тоа, Redmi Note 10S има и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, 3.5мм приклучок и MIUI 12.5 заснован на Android 11.
Поврзани артикли