Realme на 21. јули ќе одржи презентација во текот на која компанијата ќе ја претстави својата GT Master серија телефони. Се очекуваат два модела – Master Edition и Master Explorer Edition, а сега се појавија спецификации за вториот модел.
Се очекува дека Realme GT Master Explorer Edition ќе има Sony 50MP IMX766 сензор и OIS (оптичка стабилизација) поддршка. Истиот сензор го користат и OnePlus 9 Pro и Oppo Find X3 Pro телефоните.
Покрај тоа, Master Explorer Edition ќе има до 19GB RAM (од кои 7GB се виртуелна меморија). Тука е и рамковната цена која изнесува околу 462 долари. Од листинг се дознава дека ова ќе биде цената на почетниот 6GB/128GB моделот.
Телефонот би требакло да има 6.55-инчен AMOLED екран со 120Hz освежување и 1100 нита максимално осветлување. Ќе го покренува Snapdragon 870 чипсет, а ќе го напојува 4300mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење. Софтверот е Android 11, со Realme UI 2.0 интерфејс.
Поврзани артикли