Најновите протечени информации ни нудат некои информации за претстојните Samsung Galaxy Buds 2 слушалки, чие претставување се очекува во текот на Unpacked настанот на 11. август.
Во рамките на раната бета верзија на необјавениот Samsung Galaxy Buds 2 плагин на серверот на компанијата, откриени се детали за опциите за бои на слушалките, како и софтверските функции кои се очекуваат по објавата на уредот.
Новите опции на бои на слушалките вклучуваат сива/зелена, виолетова, жолта, бела и црна. Најголем дел од опциите се појавија и пред неколку недели на протечените рендери.
Кога се во прашање функциите, Galaxy Buds 2 ќе имаат ANC (Active Noise Cancelling) во едната слушалка. Ќе постои интерактивен туторијал, како и опции со еден/двоен или троен притисок, touch-and-hold и друго.
Се сугерира дека батеријата во секоја од слушалките ќе има капацитет од 61mAh, додека футролата ќе има батерија од 472mAh.
Со оглед на тоа дека се работи за бета верзија, измените кои се тука истакнати би можеле да се разликуваат од она што ќе биде достапно кога Galaxy Buds 2 слушалките ќе бидат официјално објавени.
Поврзани артикли