MSI во својата линија гејминг монитори го додаде моделот Optix G273QPF. Се работи за 27-инчен монитор, со Rapid IPS панел, 1ms одзив и освежување на екранот до 165Hz. Покрај тоа, мониторот нуди поддршка за AMD FreeSync технологијата и Nvidia G-Sync Compatible програмата.
Панелот има WQHD (2560 x 1440p) резолуција, а нуди балансирано искуство меѓу максималниот фрејмрејт и густината на пиксели. Покрај тоа, поддржана е покриеност од 99 проценти на sRGB спектарот на бои и 93% за DCI-P3. Максималното осветлување изнесува 300 cd/m², додека максималниот контраст е 1000:1.
Достапните портови вклучуваат 2 x HDMI 2.0b, 1 x DisplayPort 1.2 и 1 x Аудио влез. MSI Optix G273QPF мониторот ќе се најде во продажба од 22. јули, по цена од околу 400 долари/евра.
Поврзани артикли