Компанијата LG веќе подолго време бележи губитоци во својот оддел за мобилни уреди, поради што компанијата одлучи да ја промени својата деловна стратегија.

Срцето на новата стратегија е акцентот на уреди од high-end сегментот, кои во LG ги дефинираат со поимот Mass Premium и кои содржат поддршка за 5G мрежи. Накратко, V-серијата уреди на LG би требало да стане екслузива за европскиот и северноамериканскиот пазар.

Тоа го вклучува новиот LG V60 ThinQ модел, чие претставување беше планирано за годинашниот MWC саем во Барселона, но кое потоа е откажано, односно одложено поради епидемијата на коронавирус (LG го откажа своето присуство на MWC). Од друга страна, G-серијата уреди ќе стане ексклузива за матичниот јужнокорејски пазар.

Стретегијата предвидува и outsourcing на производството на моделите од ниската и средна класа на ODM партнерите, поради намалување на трошоците (посебни фабрики кои покрај со производство се занимаваат и со проектирање на уреди).