Германскиот автомобилски гигант Volkswagen објави  дека инвестирал 2,6 милијарди американски долари во стартап со седиште во Питсбург, „Арго АИ“, кој развива технологија за автономни возила.

Арго е основана во 2016 година од Брајан Салески и Питер Рандер, а сега заеднички го контролираат „Форд мотор Ко“ и Volkswagen. „Форд“ инвестираше во „Арго“ веднаш по основањето на компанијата.

Детали за инвестицијата беа објавени уште во јули 2019 година, но тие не вклучуваат договор за купување на акциите во вредност од 500 милиони долари на „Арго“ од „Форд“.

Договорот помеѓу „Фолксваген“ и „Арго“ подразбира преместување на автономното одделение за интелигентно возење на Volkswagen од Минхен во седиштето на „Арго“. Тоа исто така значи и зголемување на работната сила за повеќе од 1.000 вработени, рече Талерски, еден од основачите на „Арго“.

Минатата недела, Volkswagen откри дека нејзиниот надзорен одбор одобрил неколку проекти, во вкупен износ од повеќе од една милијарда американски долари, што треба да се реализираат во договор со „Форд“.

Американската компанија го основа „Форд Автономни возила ДОО“ во 2018 година и до 2023 година има намера да инвестира 4 милијарди американски долари во развој на технологија за автономни возила. Во овој поглед, тие исто така побараа од надворешните инвеститори да ги споделат високите трошоци за развој на таа технологија.

Извор: Zimo.hr