Tag Heuer и Nintendo ги здружија силите за заедно да дизајнираат специјален модел на паметни часовници.
Поточно, станува збор за Super Mario верзија на паметниот часовник Tag Heuer’s Connected со лик на легендарниот херој од популарните игрици. Часовникот користи Wear OS, а продажбата започнува на 15 јули по цена од 2.150 долари.
Часовникот прикажува разни анимации во кои карактерот на Марио ги мотивира корисниците да бидат активни и ги наградува додека се движат. Tag Heuer наведува дека активниот карактер на Марио ќе влијае на корисниците на паметни часовници и дека на тој начин тие ќе уживаат во движењето. Колку е поактивен корисникот, толку поживи ќе бидат анимациите.
Марио секое утро ќе го поздравува корисникот на часовникот, а анимациите ќе се менуваат како што корисникот ќе достигнува 25, 50, 75 и 100 проценти од планираните чекори, односно поминато растојание. Анимациите се познати и земени се од „Super Mario“ универзумот.
Дури и кога корисникот не е активен, часовникот ќе го потсетува на легендарниот Супер Марио. Ќе има опција да се избере помеѓу четири лица на часовникот, а има дури и ретро елементи од верзијата на играта од 1985 година.
Само 2.000 примероци од наведениот часовник ќе бидат во продажба.
Извор: Klix.ba