Автомобилските и гејмерските брендови, Lexus и Razer, ги здружија силите за заеднички да го претстават новиот Razer Lexus TX, теренец кој е вистински рај за гејмерите.

„Работевме заедно со Razer за да создадеме уникатно искуство кое ја слави нашата посветеност на гејмерската заедница, бидејќи ја делиме истата страст за иновации и технологија“, рече Винеј Шахани, претседател на маркетинг тимот на Lexus.

Овој необичен автомобил кој нуди врвно гејмерско искуство за максимум шест лица беше претставен во Лас Вегас, на церемонијата на доделувањето на наградите Esports. Специјално за него е дизајнирана специјална верзија на логото на Lexus, а дизајнот е комплетиран со зелени Razer LED светла и панели на решетката, ретровизорите, покривот, задните прозорци и на долната страна на автомобилот.

„Овој автомобил има многу повеќе од едноставни козметички промени. Внатре се целосно функционални гејмерски машини“, вели Боб Писунко, директор на американскиот маркетинг во Razer.

„Во вториот и третиот ред има четири столчиња за играње, а ние сме почестени што Lexus го избра Razer Iskur за удобноста на оние кои ќе седнат во овој врвен гејмерски автомобил“, додаде Писунко.