Првиот човек на Tesla, Елон Маск купил билет за патување во вселената во вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон.

Додека Бренсон се подготвува за првиот лет на Virgin Galactic од Ново Мексико во недела, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка фирма SpaceX, обезбедил место на едно од патувањата на компанијата на Бренсон.

Маск платил депозит од 10.000 долари за да го обезбеди местото, а датумот на патувањето не бил наведен.

Бренсон ја потврди информацијата во интервју за „Сандеј тајмс“, додавајќи дека може да возврати со тоа што ќе купи билет за патувањето на SpaceX.

„Елон е пријател и можеби еден ден ќе патувам со еден од неговите вселенски бродови“, рече тој.

Како дел од вселенската трка на милијардерите, SpaceX лансираше десетици ракети, вклучително и летови со екипаж, но самиот Маск сè уште нема летано на ниеден од нив.

Компанијата треба да го организира својот прв целосно приватен лет во вселената наесен.

Бренсон ќе стане првиот сопственик-астронаут кој учествувал во мисијата, победувајќи го основачот на Амазон, Џеф Безос, кој планира да патува во вселената за девет дена со својата ракета Blue Origin.

Туристите ќе платат околу 250.000 долари за лет во вселената со Virgin Galactic, што вклучува четири минути бестежинска состојба.

Сопственикот на Virgin Galactic најави дека ќе патува во вселената на 11. јули