Компанијата Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон најави пробен лет на VSS Unity во вселената на 11 јули, а во него за првпат ќе учествува и основачот на компанијата.

На овој начин Бренсон сака да оди во вселената пред Безос, кој најави лет во вселената на 20 јули.

„По повеќе од 16 години истражувања и тестирања, Virgin Galactic е предводник на комерцијалната вселенска индустрија којашто би требало да отвори нови видици за човештвото и засекогаш да го промени светот. Чест ми е што сум дел од овој проект“, изјави Бренсон.

Летот што треба да се одржи на 11 јули ќе биде пробен вселенски лет и воедно прва мисија со екипаж од двајца пилоти и четворица „специјалисти за мисии“, меѓи кои е и Бренсон. Компанијата последен пат организираше сличен лет на 22 мај, но во него учествуваа двајца пилоти.

Virgin Galactic претходно соопшти дека Сојузната управа за воздухопловство на 25 јуни им доделила лиценца за организирање летови во вселената, а компанијата најави дека на почетокот на 2022 година ќе почне со организација на комерцијални летови за туристи.

Пред планираниот комерцијален вселенски туризам предвидени се уште два пробни лета.