Nvidia во јануари оваа година ја претстави RTX 30 линијата мобилни графички карти, која ја сочинуваа RTX 3080, RTX 3070 и RTX 3060 графички карти за лаптопи. Компанијата подоцна ги објави помалите Ampere мобилни уреди – RTX 3050 Ti и RTX 3050.

Меѓутоа, новиот извештај сега сугерира дека Nvidia RTX 30 серијата на мобилната GPU линија се уште е некомплетна и компанијата наводно развива нови чипови под „SUPER“ брендот, кој Nvidia го користеше и во рамките на претходната 2000 серија производи.

Според наводите од извештајот, Nvidia има два чипа во подготовка, со ознаки “GA103S” и “GA107S”, а двата се очекуваат на почетокот на следната година. GA103S наводно ќе има 60 SMs (Streaming Multiprocessors) со 320-битна мемориска магистрала, додека за GA107S чипот нема детали.

Гласините сугерираат дека Nvidia ги подготвува овие графички карти за да бидат достапни со Intel мобилните процесори ид 12. генерација (Alder Lake-P), кои се очекуваат до крајот на оваа година.