Фајзер ќе побара дозвола за вакцинација со трета доза на веќе имунизираните за да се зголеми отпорноста на мутациите на коронавирусот. Барањето Фајзер го најави во официјално соопштение.
Издржаноста на барањето компанијата го објаснува со намалувањето на имунитетот по шест месеци од примената вакцина особено поради ширењето на делта-сојот.
Според прелиминарните податоци од тестовите, друга доза дадена 6 месеци по втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот до 10 пати. Фајзер и Бионтех ќе обезбедат детални информации до Европската агенција за лекови и американската Администрација за храна и лекови.