Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, изјави дека ЕУ веќе размислува за оние што одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот сами да ги сносат трошоците за лекување.

Според него, Хрватска сега мора да премине на нов пристап кога станува збор за популаризирање на вакцинацијата, што ќе вклучува задолжителни предавања и едукација за сите лица, дури и на невакцинираните во здравствениот систем.

„Предавањата ќе бидат задолжителни затоа што тие се одвиваат во рамките на образованието за време на безбедноста при работа“, додаде Берош додавајќи дека на другите сектори ќе им биде предложено да го сторат тоа.

Тој додаде дека ќе се оди кон продолжување на ковид-потврдите на првите вакцинирани на 10 месеци наместо на досегашните шест.

„Во Европската Унија веќе се размислува за тоа оние што одбиваат да бидат вакцинирани сами да си ги сносат трошоците за лекување. Во Хрватска не одиме во таа насока. Државата ќе плати за нивното лекување, но зошто нашите пари да одат на лекувањето на некој што можел да се заштити?“, рече Берош.