Бил Гејтс овие денови едноставно не може да престане да ги изнесува своите мислења во врска со коронавирусот.

Во своето најново размислување, тој „предвидува“ дека пандемијата коронавирус ќе заврши во 2022-та година, благодарение на вакцините во кои што вложил премногу средства.

Во интервју за „Fox News“, основачот на „Microsoft“ предвидел дека луѓето во САДживотот ќе го вратат во нормала до летото 2021-та година, поради напредокот на постигнатиот развој на вакцината против таа болест.

Тој исто така истакнал дека се очекува САД да започне со одобрувањето на вакцината за јавна употреба на почетокот на наредната година. Изјавил дека е „оптимист“ во поглед на пандемијата која што „нема да трае до недоглед“.

„Крај на пандемијата? Во најдобар случај веројатно во 2022-та година, но во текот на 2021-та година би требало да бидеме во можност да го срушиме бројот на заразени доколку на проблемот му пристапиме глобално“ – изјавил Гејтс во неделата.

„Значи, знаете, фала му на Бог, дека постоеше технологија на вакцина, дека дојде до голем број истражувања, дека компаниите ги поставија најдобрите луѓе за да работат за тоа. Поради тоа сум оптимист дека ова нема да трае до недоглед“ – додал тој.

Мултимилијардерот изјавил дека мисли дека американската Управа за храна и лековиби можела да одобри „три до четири“ формули за вакцината. Тогаш би се поставило прашањето како вакцината би се дистрибуирала, изјавил Гејтс, велејќи дека е разочаран што САД не планирале производство и дистрибуција на вакцината во сиромашните земји.

„САД не се покажа во врска со прашањето за помагањето во купување на вакцина во сиромашните земји кои што моментално се во развој“ – се пожалил тој.

Инаку, Гејтс е главниот инвеститор во фармацевтскиот сектор и вложил милиони долари само за развој на седум различни вакцини против Ковид-19.