Компанијата Google би требало наесен да ги претстави Pixel 6 и Pixel 6 Pro телефоните, а сега се познати нивните спецификации.
Според новите информации, новите модели донесуваат значајни подобрувања во однос на претходните, а меѓу нив секако се батериите. Pixel 6 ќе го напојува батерија од 4.614, a Pixel 6 Pro батерија од 5.000 mAh.
Pixel 6 ќе има 6,4-инчен AMOLED екран и само две задни камери, главна од 50 и ултраширока од 12 MP. Однапред ќе биде селфи камерата од 8MP. Исто така, ќе добие 8GB RAM и 128 или 256GB интерна меморија зависно од верзијата.
Pixel 6 Pro ќе користи поголем 6,71-инчен P-OLED екран, кој ќе го произведе компанијата LG. Однапред ќе има камера од 12, а одзади главна од 50, ултраширока од 12 и телефото камера од 48 MP. Покрај тоа, ќе има 12 GB RAM и опции на интерна меморија од 128, 256 и 512 GB.
Двата уреда доаѓаат со оперативниот систем Android 12, а Google ветува најмалку пет години софтверски надградби.