Корисниците на Gmail забележаа мала, но важна промена во текот на логирањето на овој сервис.
Наместо досегашниот Gmail знак сега се прикажува оној за Google Workplace и тоа на личните, како и на деловните мејлови.
Тоа е дел од континуираната транзиција на Google Workplace кој ги обединува најпопуларните производи како Docs, Sheets, Meet, Drive и секако Google на едно место.
Од Google велат дека зад сето ова стои желбата за длабоко интегрирано искуство, а со ова Google настојува во понудата да позиционира и алатки во нов хибриден начин на работа, нудејќи повеќе флексибилност и можност за соработка на далечина.
За таа цел Google Workplace стана бесплатен за сите.
Извор: N1info.com