Ситуацијата со цените на графичките карти изгледа оди во вистинска насока. Само минатиот месец, цените на графичките карти биле околу 81 до 91 проценти над препорачаните малопродажни цени (MSRP), но оваа бројка во меѓувреме почна да паѓа.
Според наводите на 3DCenter.org, се подобрува достапноста на видео картите на пазарот, а тоа вклучува и залихи на RTX 3060 Ti и RX 6800 моделите. Исто така, малопродажната цена на овие модели има тренд на забрзан пад.
Пониските цени се најзебележителни кај Nvidia графичките карти, кои се продавале во просек за околу 91% над препорачаната малопродажна цена, а сега таа цена е намалена на 53 проценти. Моментно, RTX 3080 Ti и RTX 3090 се GPU модели кои имаат цени најблиску до MSRP.
Кога се во прашање цените за AMD Radeon RX 6000 серијата графички карти, тие исто така се значително намалени, со 81% над MSRP на 53 проценти. Radeon RX 6900 XT, според извештајот, сега се продава само за 33 проценти над препорачаната малопродажна цена, додека Radeon RX 6800 XT и натаму чини 68% над MSRP.