Apple M1 чипот, односно Apple Silicon во текот на последната година направи вистинска мала револуција на полето на чипсети за мобилните уреди. Успехот на овој чип ја отвора вратата за можноста чиповите засновани на ARM aрхитектурата да станат мејнстрим.
Амбициите на компанијата Apple не останаа незабележани од ривалите, па така Qualcomm сега планира да развие и креира сопствени чипови кои би биле директна конкуренција на M1 чипот. Она што е интересно е дека Qualcomm тоа планира да го направи без помош на ARM.
„Потребно е да имаме водечки перформанси за уредите кои ги напојуваат батериите. Доколку ARM, со кој имаме соработка со години, развие процесор кој е подобар од она што можеме да го креираме, секогаш имаме опција да ги лиценцираме ARM решенијата”, истакна Извршниот директор на Qualcomm, Кристијано Амон.