Компанијата MSI најави два нови гејминг монитора, со закривени екрани, а во прашање се моделите ARTYMIS 323CQR и 273CQR.
Мониторите ги краси закривен VA панел (1000R), со големина од 31,5-инчи (323CQR) и 27 инчи (273CQR), со WQHD (2560 x 1440p) резолуција, 165Hz стапка на освежување и 1ms одзив. Тука е и поддршката за HDR 400.
Од специјалните функции, мониторите имаат поддршка за Smart Brightness 2.0, Smart Crosshair, Night Vision AI, Optix Scope и Sound Tune. Тука е и специјалниот Console Mode за PlayStation 5, кој автоматски може да ги прими 4K сигналите на QHD и истовремено поддржува HDR.
Кога се во прашање опциите на конекција, двата монитора имаат 1x DisplayPort, 2x HDMI, 1x USB Type-C, 2x USB 2.0 Type-A и 1x USB 2.0 Type-B.
Поврзани артикли