Иако оваа година во фокусот на екосистемот на Apple се iOS 15 и iPadOS 15, корисниците на Mac уредите имаат на што да се надеваат кога станува збор за macOS Monterey. Сега е достапна првата јавна бета верзија за овој оперативен систем, која корисниците можат да ја испробаат.
Новиот OS на компанијата Apple имплементира значително редизајнирана верзија на прелистувачот Safari, кој комбинира ги комбинира табовите и мени опциите во едно компактно поле.
Тука се и подобрените функции на FaceTime и можноста за уживање во содржината со пријателите. Universal Control е нова опција, која во моментов не е дел од оваа јавна бета верзија, a овозможува контрола на Mac и iPad уредите со една тастатура и глувче.
Корисниците ќе можат да го тестираат звукот на AirPlaying во macOS, како и некои поедноставени автоматски карактеристики со Shortcuts функцијата.
Корисниците можат да се регистрираат на страницата за бета-софтвер на Apple, за да ја добијат и испробаат јавната бета верзија за macOS Monterey.
Поврзани артикли