По финализирање на он-лајн фазата која се одвиваше од 29.06 до 01.07.2021, „MESA Summer Jam“ преминува во завршница со физичко присуство. Тимовите кои се изборија за позиција во он-лајн делот од овој настан со почеток во 11 часот оваа сабота и 10 часот во недела ќе се натпреваруваат во две исклучително популарни видео игри и тоа „Counter Strike: Global Offensive“ како и „FIFA21“ во просториите на Infomedia Studio, Кисела Вода – улица 1520 бб.
По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Summer Jam“ е организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports.
Ги покануваме сите заинтересирани претставници на медиумите како ѝ пошироката јавност да го проследат „MESA Summer Jam“ во просториите на „Infomedia Studio“ во Кисела Вода, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.