Вчеравечер во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се одржаа првите Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија!

Компанијата „Зегин“ со својата е- продавница www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци за 2021 има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкуренстноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

Онлајн продавницата на ЗЕГИН- функционира неполна година, а доказ за успешноста е токму оваа награда која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина.