Иако светот малку по малку се враќа во нормала, факт е дека видео конференциите се уште се многу често користен начин на комуникација. Поради тоа, многумина се уште се во потрага по камера која ќе биде доволни мала да не зазема простор, а истовремено да снима доволно квалитетно видео кое е можно да се објави на веб-страниците, па дури и во медиумите.

Една од таквите камери е Dell UltraSharp веб-камерите која снима во 4К, а на прв поглед потсетува на објектив на фотоапарат. Како што истакнуваат во Dell, опремена е со 4K Sony STARVIS CMOS сензор и објектив со повеќе елементи. Без оглед на условите на осветлување, можноста за HDR дигитално преклопување на веб-камерата, Dell Ultra Sharp помага во зачувување на боите и урамнотежена експозиција. А ако осветлувањето е сепак лошо, редукцијата на 3D/2D видеошумот автоматски ќе ја отстрани зрнестета слика.

Камерата е опремена со вештачка интелигенција за субјектот секогаш да биде во фокус, а има и 5x дигитален зум, како и прилагодување на видното поле од 65°, 78° i 90°. Ја содржи
Windows Hello функцијата, која овозможува брза и сугурна пријава со помош на препознавање на лицето и Dell ExpressSign-in функцијата која овозможува proximity сензорите на веб-камерата да ја препознаат присутноста на корисникот додека се приближува и автоматски се одјавуваат од компјутерот кога ќе се оддалечи. А кога камерата не е во употреба, тука е капакот за приватност кој истовремено ја штити леќата, но и приватноста на корисникот.

Dell UltraSharp Webcam камерата ќе биде достапна ширум светот од 29. јуни