Прототип на летачкиот автомобил AirCar со BMW мотор и обично гориво од бензинска станица успешно го изврши првиот меѓуградски 35-минутен лет меѓу словачки меѓународни аеродроми.
За разлика од eVTOL летечките автомобили кои се слични на големи дронови отколку на автомобили, AirCar е на четири тркала и лета. Тоа значи дека може да користи два вида превоз, како автомобил и како авион.
Ова превозно средство е развиено од компанијата KleinVision и за првпат е претставено во 2019 година. Прототипот на AirCar својот прв лет го изврши кон крајот на 2020 година и оттогаш има 142 успешни слетувања и над 40 часа летање. Последното, 142 слетување го изврши на 28 јуни по првото меѓуградско 35-минутно патување од меѓународниот аеродром во Нитра до Братислава.
Со возилото управуваше професор Стефан Клајн, основач на компанијата KleinVision. Откако слета во Братислава за 3 минути го претвори AirCar повторно во автомобил.
Од оваа компанија веруваат дека во иднина AirCar целосно би го приватизирал воздушниот сообраќај, бидејќи секој којшто ќе поседува вакво возило ќе може да се одвезе до најблискиот аеродром и да се вивне во небо.
Но, сепак за такво нешто се потребни посебни протоколи, документација, сертификати и слично па останува да видиме што ќе се случува во иднина.