Samsung планира да го објави Galaxy S21 FE (Fan Edition), а претходните неколку недели беа исполнети со гласини за телефонот. Најновите пристигнуваат од сајтот MyFixGuide, кој известува дека Galaxy S21 FE добил FCC сертификат, што значи дека може да се очекува наскоро.
Листингот ги прикажува моделите SM-G990U и SM-G990U1. Телефонот ќе биде компатибилен со два полнача на Samsung: EP-TA800 (25W) и EP-TA845 (45W), но ниту еден од нив нема да биде вклучен во пакувањето на уредот, како што сугерираа претходните извештаи.
Galaxy S21 FE претходно е забележан на Geekbench, со 8GB RAM и Snapdragon 888 чипсет. Претходните рендери покажаа дека телефонот ќе има различни опции на бои, заден дел од пластика и систем со три камери кои имаат ист дизајн на модулот како кај Galaxy S21 серијата.
Samsung Galaxy S21 FE ќе има 6.41-inčni Super AMOLED екран со 120Hz освежување и punch-hole селфи камера. Се очекува дека телефонот ќе се најде на пазарот во текот на септември или октомври.
Поврзани артикли