Во текот на 2021 International Supercomputing Conference настанот, Intel објави неколку информации за Xe HPG, графичка архитектура наменета за потрошувачи и гејмери.
Се очекува дека HPG GPU архитектурата ќе ги покренува графичките карти способни за гејминг од премиум сегментот и во високи резолуции. Intel не споменуваше никакви датуми, но истакна дека Xe HPG ќе се појави наскоро.
Покрај тоа, компанијата почна да испорачува примероци на DG2/Xe HPG графичките карти до своите партнери. Тоа сугерира дека првите видео карти со споменатата архитектура би можеле да пристигнат во текот на годината.
Исто така, изгледа дека Intel Xe HPG веќе работи во DevCloud, додека Xe HPC е во процес на валидација.