Британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата на пазарот отвори официјална истрага против Amazon и матичната компанија на Google – Alphabet, поради загриженост дека технолошките гиганти не сториле доволно за да се борат против лажните прегледи на нивните веб-страници.
Управата за конкуренција и пазар (CMA) објави дека сега ќе собере дополнителни информации за да утврди дали овие компании го прекршиле законот за заштита на потрошувачите не преземајќи доволно мерки за да ги заштитат клиентите од лажни прегледи.
Потегот доаѓа по прелиминарната истрага за CMA, отворена во мај 2020. година, при што неколку внатрешни системи на платформа и процеси поврзани со идентификување и ракување со измамнички прегледи беа „под лупа“.
Британскиот регулатор исто така изјави дека е загрижен бидејќи системите на Amazon не спречуваат некои продавачи да манипулираат со проценката на наведените производи, со, на пример, копирање на позитивни критики за други производи и нивно припишување на нивните производи.
„Загрижени сме дека милиони онлајн купувачи можат да бидат заведени со читање лажни прегледи и трошење на своите пари на тие препораки“, рече извршниот директор на CMA, Андреа Кошчели.
Тој додаде дека, исто така, „едноставно не е фер некои компании да фалсификуваат препораки со пет sвезди за да им дадат престиж на своите производи или услуги над производите на оние компании што го почитуваат законот“.