Huawei P50 ќе биде претставен кон крајот на јули, а гласините укажуваат на три члена на оваа серија. Huawei веќе го најави системот на камери, а сега ги имаме првите фотографии на P50 моделот.
Телефонот во светло розева боја се појави онлајн, покажувајќи решенија со два мружни модула за камерите. Во горниот дел се наоѓаат три камери, додека во долниот дел е сместена перископ камера.
Huawei го продолжува партнерството со компанијата Leica и за Huawei P50 серијата, како што и веше ветено порано од кинескиот производител.
Huawei P50 телефоните, според наводите на дојавувачите, нема да има поддршка за 5G. Qualcomm за дел од Huawei P50 линијата ќе обезбеди LTE-only Snapdragon 888 чип, додека дел од уредите ќе ги користат 5nm Kirin 9000 чипови.
Поврзани артикли