Vivo X60 серијата телефони доби најнов додаток во вид на Vivo X60t Pro+ моделот. Се работи за варијанта на X60t Pro+ телефонот, кој има поинаков сензор зад 50mm телефото објектив.

Оригиналниот X60 Pro+ има 32MP сензор, кој сега е заменет со 12MP сензор. Непотврдени информации сугерираат дека новиот сензор е Sony IMX663 од 1/2.93″ и со 1.22 µm пиксели, а го менува Samsung S5KGD1 1/2.8″ сензорот со 0.8 µm пиксели и Quad Bayer филтри. Отворот на блендата е исто така изменет, од f/2.08 на f/1.98.

Останатите елементи на камерата останаа исти. Тоа вклучува 125mm перископ модул на 8MP сензор, 50MP 1/1.31 главна камера и 48MP ултраширока камера. Од предната страна остана и истата 32MP селфи камера.

На полето на хардверот нема други измени. Телефонот го покренува Snapdragon 888 чипсет, го напојува 4200mAh батерија со поддршка за 55W FlashCharge и има 6.56-инчен FullHD+ AMOLED дисплеј со 120Hz освежување на екранот. Vivo X60t Pro+ ги задржува и истите опции на бои – портокалова и Emperor Blue.