Google наводно го подготвува Google Pixel 5a телефонот од средниот сегмент. Најновиот извештај сугерира дека компанијата ќе го претстави овој телефон во август.
Според извештајот на Bloomberg, Pixel 5a ќе биде објавен само во 5G варијанта, за разлика од Pixel 4a моделот, кој беше достапен и во 4G и во 5G верзија. Извештаите од претходно споменуваа дека смартфонот ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет.
Пред неколку месеци, дојавувачот OnLeaks објави CAD рендери од Pixel 5a телефонот, кои откриваат 6,2-инчен OLED Full HD+ дисплеј, со punch-hole дизајн за селфи камерата.
На задната страна може да се најде традиционален сензор за отпечатоци од прсти и систем со две камери и LED блиц. Други детали за телефонот засега не се познати.
Поврзани артикли