Претходно се појавија непотврдени информации, а сега од јужнокорејскиот ETNews пристигнува потврда за големините на дисплеите за претстојните Samsung Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 флексибилни телефони.

Според инсајдерски извори, Galaxy Z Fold3 ќе има екстерен дисплеј од 6,23 инчи, додека внатрешниот проширен екран ќе има големина до 7,55 инчи. Ова значи дека не се очекуваат промени во големината во однос на сегашниот модел, со тоа што Z Fold3 ќе биде покомпактен.

Од друга страна, Galaxy Z Flip3 добива поголем 1,9-инчен надворешен дисплеј (оригиналниот Fold имаше 1,1 инчен екран). Внатрешниот панел ja задржува големинаta од 6,7 инчи.

Други детали не се споменати, а сите официјални детали ќе ги дознаеме за нешто повеќе од еден месец, кога Samsung би требало да ги претстави Galaxy Z Fold3 и Z Flip3.