Технологијата што ја користи NASA на три начини го подобри квалитетот на животот на Земјата.

Технологиите на американската вселенска агенција се користат во борбата против загадувањето на воздухот, во земјоделството и во отстранувањето отровни материи од средината.

Борба против загадениот воздух

Лунарната прашина може да ги оштети очите и белите дробови на астронаутите, како и нивната опрема. Поради тоа, NASA разви високо чувствителни сензори со коишто се мери концентрацијата на оваа прашина во текот на мисии во вселената.

Сега, оваа технологија се користи на Земјата. Canary S детекторот регистрира загадувачи како што се метанот и јагленмоноксидот. Во САД се користи за следење на квалитетот на воздухот во близина на училишта како и за следење на загадување на воздухот во текот на шумските пожари.

Примена во земјоделството

Веќе една деценија NASA произведува дронови кои се користат на Марс. Тоа беше клучно за развој на дронови кои се користат на Земјата. Овие летала се многу корисни за земјоделците, ги користат за да извршат преглед на земјиштето што го обработуваат.

Отстранување отровни материи од средината

Експертите на NASA осмислија начин како да се борат против една од најштетните работи коишто луѓето ги имаат направено. Станува збор за токсинот полихлориран бифенил (PCB) чија употреба сега е забранета. Меѓутоа, потребно е да биде отстранет од околината.

NASA разви цевки наречени ecoSPEARS кои можат да се вкопаат во земјиштето. Станува збор за реагенс којшто го отстранува PCB од средината, наведуваат од Светскиот економски форум.

Извор: Klix.ba