СЕДЦ продолжува со активностите во рамки на традиционалниот Challenge Day
Изминатите две недели беа доделени вкупно 14 стипендии од кои 6 целосни и 8 полу-стипендии за Академијата за Програмирање, Академијата за Компјутерски Мрежи, Академија за Софтвер Тестер и Академијата за Дизајн. Тестирањето се одвиваше во просториите на СЕДЦ во Скопје, Охрид и Ниш на 15-ти и 24-ти Јуни.
Сепак, нашиот Challenge Day не завршува тука.
На 30-ти Јуни ќе се доделат една стипендија и една полу-стипендија за Data Science Академијата во рамки на вебинарот Tech Insights: Deep dive into Data Science – кој ќе биде предводен од Координаторот на самата Академија, Александар Размовски.
Повеќе информации за вебинарот можете да најдете на следниов линк: https://cutt.ly/vmi803n
Уште една целосна и една полу-стипендија ќе бидат доделени за Академијата за Дигитален Маркетинг кон средината на месец јули. Внимателно следете не’на социјалните мрежи за да се информирате за точниот датум и начин на кој ќе бидат истите доделени.
За крај би сакале да споделиме еден проект на кој работевме изминатиов период. За сите оние кои сеуште имаат дилема за избор помеѓу Програмирање или Софтвер Тестер, 5-ти Јули е датумот кога започнува обуката Is IT for me?
Пријавените ќе имаат прилика да работат на реален проект со што ќе можат да донесат вистинска одлука за својата кариерна иднина.
Повеќе информации за обуката можете да најдете на: https://cutt.ly/Smi4u1U
Поврзани артикли