Nikon официјално го претстави својот најнов фотоапарат без огледало (mirrorless), под името Nikon Z FC. Како и претходните “mirrorless” модели од Z серијата, Z FC го краси прилично ретро дизајн, инспириран од Nikon FM2 SLR моделот.

Фотоапаратот пристигнува со различен сет на контроли на екстерното куќиште, што значи дека е можно да се подесуваат функциите како ISO експозиција, брзина на затворачот, а сето тоа со помош на копчињата наместо одење во менито. Уредот има и OLED дисплеј и поддржува USB-C за пренос на податоци и полнење.

Nikon Z FC има и 20.9MP CMOS сензор, а го покренува Expeed 6 процесор. Може да снима во 11 fps, има поддршка за 4K видео и koristi EN-EL25 батерија која е доволна за 300 снимки.

Цената на Nikon Z FC фотоапаратот изнесува 960 долари, односно 1100 долари со DX 16-50mm f/3.5-6.3 VR пакет обејктиви, или 1200 долари за 28mm F.2.8 (SE) објектив.