Причината е целосното преминување кон чисто електрични возила, додека таа транзиција во САД и Кина ќе се изврши малку подоцна, вели шефот на продажбата на германската марка Клаус Целмер.
„Во Европа, ќе излеземе од бизнисот со возила со конвенционален погон помеѓу 2033 и 2035 година, додека во Кина и САД тоа ќе го сториме подоцна“, изјави Целмер за Münchner Merkur.
„Во Јужна Америка и Африка, SUS моторите ќе траат подолго поради политичките и инфраструктурните услови кои сè уште недостасуваат.
Стратегијата на Volkswagen наречена Accelerate беше претставена на 5 март и вклучува план за 70 проценти од продажбата во Европа до 2030 година да се однесува на чисто електрични автомобили.
Ова ќе ја подготви компанијата за можни и многу веројатно построги климатски цели на ЕУ. Најдоцна до 2050 година, целата флота на VW ќе биде јаглеродно неутрална, потврдува Целмер.
Следната рунда на еколошки стандарди за производителите присутни во Европа, бара намалување на емисиите за 60 проценти до 2030 година или 100 проценти до 2035 година, што значи дека дотогаш би било практично невозможно да се продаваат автомобили со конвенционален погонски систем.
„Електричните“ рокови на Volkswagen се помалку амбициозни од оние на Audi, кој исто така е бренд од Volkswagen групата и кој ќе ги исфрли SUS моторите на повеќето пазари до 2033 година.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли