Xiaomi тивко го претстави новиот буџетски телефон, кој дебитираше на рускиот пазар, а го носи името Redmi Note 10T (4G). Станува збор за речиси идентичен уред како што се Redmi Note 10T 5G, Redmi Note 10 5G и Poco M3 Pro, само без поддршка за 5G.
Redmi Note 10T има 6,5-инчен FHD+ дисплеј, со брзина на освежување на екранот од 90Hz и центриран punch-hole отвор за 8MP селфи камера. На задната страна има три камери, со главен сензор од 48MP, макро сензор од 2MP и сензор за длабочина од 2MP.
Телефонот го покренува осумјадрениот чипсет MediaTek Dimensity 700 и поддржува само 4G LTE конекција. Достапни се до 6GB RAM и 128GB простор за складирање што може да се прошират преку microSD картичка.
Redmi Note 10T го напојува батерија од 5000mAh со поддршка за полнење од 18W. Оперативниот систем е MIUI 12, базиран на Android 11. На рускиот пазар, телефонот чини околу 277 долари за 4GB + 128GB варијантата