Дојавувачот Макс Вајнбах тврди дека Samsung Galaxy Watch4 ќе биде објавен на почетокот на август, а ќе имплементира BIA сензор.

Со BIA (bioelectrical impedance analysis) сензорот, Galaxy Watch4 ќе може да ја мери структурата/композицијата на телото на корисникот. Ова посебно се однесува на мерењето на мускулната маса и количината на маснотии во телото, што е важно за утврдување на здравјето и исхраната на корисникот.

BIA сензорот најверојатно ќе се приклучи на сензорот за отчукување на срцето и SpO2 сензорот, кои се користат за мерење на срцевиот ритам и нивото на кислород. Гласините сугерираа дека Galaxy Watch4 ќе има и опција за следење на нивото на шеќер во крвта, но се покажа дека ова не е точна информација.

Samsung сè уште не објави ништо официјално во врска со Galaxy Watch4 паметниот часовник, но медиумите пренесуваат дека ќе го користи Google Wear OS. FCC укажува на постоење на LTE и Wi-Fi only верзијата на часовникот, а ќе има можност да репродуцира музика складирана директно во внатрешниот простор.

Заедно со Galaxy Watch4, се очекува уште еден паметен часовник на Samsung – Galaxy Watch Active4.