Познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо очекува дека iPhone линијата за 2022. година ќе има достапни модели од 6,1 и 6,7 инчи.
Аналитичарот во својот извештај сугерираше дека Apple ќе објави уште два достаони модели следната година, со екрани од 6,1 и 6,7 инчи за iPhone 14s. Куо истакнува и дека верува дека моделот од 6,7 инчи ќе чини под 900 долари. Во моментов, единствениот 6,7-инчен смартфон на Apple е iPhone 12 Pro Max, чија цена изнесува 1099 долари.
Покрај ова, Куо очекува дека Phone моделите за 2022 година ќе имаат сензор за отпечатоци од прсти кој се наоѓа под екранот. Повеќе премиум модели се очекуваат со надградба на 48MP широкоаголна камера.
Аналитичарот посочува дека Apple следната година нема да објави 5,4-инчен iPhone mini модел.