Покрај телефони, Vivo продава и други производи во Кина, како што се TWS слушалки и паметен часовник. Сега новиот извештај на ITHome истакнува дека Vivo потврдил дека оваа година ќе влезе на пазарот на таблети уреди. Првиот Vivo таблет веројатно ќе дебитира во Кина во текот на четвртиот квартал.

Минатата година, Vivo ги заштити имињата како Vivo Pad, iQOO Pad, iQOO Book и NEX Book. Vivo Pad ознаката неодамна беше забележана во базата на податоци на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EUIPO).

Минатиот месец се појавија и скици на наводниот Vivo Pad модел, а откриваат дека таблетот има тенки рамки, и на задната страна се наоѓаат две камери. Од десната страна на рамката се копчињата за вклучување и јачина на звук. Фотографиите покажуваат дека Vivo Pad би можел да има тенок и лесен дизајн.

Ниту еден од брендовите под покровителство на BBK Electronics, како што се Vivo, iQOO, OPPO, OnePlus и Realme,досега не објавиле таблет или лаптоп, иако некои од нив подготвуваат уреди од ваков тип.