Според најновите извештаи, Xiaomi оваа година ќе го претстави Mi Mix 4 смартфонот.
Смартфонот ќе дебитира во третиот квартал од оваа година односно во јули, август или септември.
Најважната карактеристика на овој смартфон ќе биде селфи камерата коа ќе биде поставена под екранот.
Камерата под екранот ќе го ограничи смартфонот на FHD+ резолуција, но Xiaomi работи на технологија која ќе го направи екранот подобар од стандардниот екран со 1080п резолуција.
Се шпекулира дека ќе добие Qualcomm Snapdragon 888 процесор и ќе го напојува батерија од 4.500 mAh која поддржува 100W брзо полнење.
Се очекува дека Mi Mix 4 ќе биде поскап од моделите Mi 11 и Mi 11 Ultra.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли