Најновиот извештај на истражувачката компанија Counterpoint покажува дека iPad линијата на Apple продолжува да постигнува одлични резултати на пазарот. Глобалниот удел на пазарот на брендот забележа раст од 53 проценти на годишно ниво во текот на првиот квартал од 2021 година, со вкупен удел на пазарот од 37 проценти (во истиот квартал минатата година, iPad имаше 30% удел на пазарот)
Во извештајот се истакнува дека и Apple и Samsung имале корист од намалената конкуренција на пазарот на таблет уреди во текот на 2020 година. Двете компании агресивно најавуваа и промовираа нови модели, додека другите производители на таблети го намалија или прекинаа производството во овој сегмент.
Покрај Apple и Samsung, Lenovo исто така забележа раст на испораките на таблет уреди во споредба со првиот квартал од 2020 година. Уделот на компанијата Huawei падна за 11%, а компанијата имаше удел на пазарот од само пет проценти во текот на првиот квартал оваа година.
Кога станува збор за Apple, сите таблет модели на компанијата постигнаа добри резултати, а најдобро помина основниот модел на iPad. Новиот iPad Pro со M1 чип е исто така добро прифатен од корисниците, но напоменато е дека недостигот на чипови многу влијаела на испораката на овој модел.