Во најновата објава на блогот, Google потврди дека обединетиот Gmail интерфејс сега почнува да пристигнува до сите корисници. Ажурираниот интерфејс овозможува полесен пристап до Google Meet, Chat и Rooms услугите во полето од страна, што овозможува започнување на видео повици, разговори или групни четови со само еден клик.
Google Docs интеграцијата не е толку очигледна и бара поместување на глувчето преку Google Docs линкот во четот и притискање на „Open in Chat“ за да се отвори документот во нов интерфејс во Gmail. Поделениот екранот го прикажува Google Chat од левата страна и Google Docs од десната страна.
Треба да се напомене и дека интеграцијата на Google Docs работи само за линкови споделени во Chat, не функционира во линковите споделени преку е-пошта или во pop-up прозорец.
Унифицираниот интерфејс на Gmail нуди и нов виџет, кој ви овозможува да го видите Google Chat статусот. Виџетот се појавува во горниот десен агол на интерфејсот и го прикажува статусот како „Активен“ под дифолт, со зелена точка покрај него. Корисникот, по желба, може да се префрли на опциите „Do not disturb” или „Set as away”.
Треба да се напомене дека обединетиот интерфејс на Gmail не е стандардно овозможен, така што корисниците ќе мора да одат во „Chat and Meet“ опцијата во поставките на Gmail за да го променат Chat одесувањето од „Classic Hangouts” во „Google Chat“.