Судејќи според најновите гласини, Samsung планира да ја претстави Galaxy Watch4 серијата на 11. август. Сега LTE и Wi-Fi only верзиите на овој паметен часовник се појавија во FCC базата, откривајќи некои од карактеристиките.
Wi-Fi only моделот има ознака SM-R880, додека LTE верзијата е наведена со ознака SM-885U. Двата носечки уреда пристигнуваат со dual-band Wi-Fi конекција, имаат NFC, GNSS и Bluetooth поддршка. Тука е и опцијата за 5W безжично полнење, како и можност за репродукција на звук од интерната меморија.
На полето на софтверот, тука е Google Wear OS со OneUI интерфејс, наместо стариот Tizen OS на Samsung. Galaxy Watch4 би требало да биде достапен во големини од 42мм и 46мм, додека Watch Active4 ќе пристигне во 40мм и 42мм варијанти.