Британските астрономи забележале џиновска везда што трепери, сто пати поголема од Сонцето и која се крие во близина на срцето на Млечниот пат.
Набљудувањата на телескопот открија дека во текот на неколку стотици дена, оваа огромна ѕвезда, оддалечена повеќе од 25.000 светлосни години, се затемнила за 97 проценти, а потоа полека се вратила на својата поранешна светлина, пишува Ројтерс.
Неочекуваното и драматично затемнување е веројатно предизвикано од непроѕирната прашина на дискот која го блокира патот на светлината кон Земјата за време на ротацијата на планетите.
Д-р Леј Смит од институтот за астрономија во Кембриџ изјави дека ѕвездата започнала да бледнее на почетокот на 2012 година и исчезнала до април.
„Следните 100 дена се опоравуваше и се враќаше на својот сјај и затоа кога повторно заблеска, ни се чинеше како да дојде од никаде“, вели Смит.
Кога научниците ќе најдат променливи ѕвезди кои не можат да ги категоризираат, ги нарекуваат „Што е ова“ (What Is This) или „WIT“, така што најновата ѕвезда ќе го носи името VVV-WIT-08.
Огромен диск од прашина предизвикува „трепкање“ на многу sвезди, па затоа ова откритие не е прво.
Нејасно е кога VVV-WIT-08 повторно ќе се затемни, но астрономите веруваат дека тоа ќе се случи за 20 до 200 години.
Уште две светкави sвезди беа забележани по должината на VVV-WIT-08, но истражувачите немаат многу детали за нив.
Налетот на ваквите откритија ќе им помогне на астрономите да разберат повеќе за она што се чини дека е нова класа на „трепкачките џинови“.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли