Honor 50 еријата телефони ќе биде официјализирана на 16. јуни, а досега веќе се појавија неколку информации кои се однесуваат на дизајнот на оваа линија. Сега дојавувачот Ишан Агарвал објави рендери за Honor 50 Pro, кои го покажуваат дизајнот од предната страна, како и позадината.
Honor 50 Pro ќе има двојно закривени рабови околу екранот, како и издолжен punch-hole отвор за две селфи камери. Гласините сугерираат дека екранот ќе биде 6,72-инчен OLED, со 2672 x 1236p резолуција, 120Hz освежување и сензор за отпечатоци од прсти под дисплејот.
На задната страна се наоѓаат два прстена за камерите во овален модул на камерата. Во горниот прстен се наоѓа една камера (108MP), додека во долниот има три камери и LED блиц. Како што е видливо на фотографијата, телефонот ќе биде достапен во Bright Black, Summer Amber, First Snow Crystal и Jade Blue варијанти.
Се очекува дека Honor 50 Pro ќе пристигне како прв телефон со Snapdragon 778G мобилна платформа. Ќе има и 8GB RAM и 256GB простор за складирање податоци. Оперативниот систем ќе биде Android 11, со Magic UI интерфејс. Уредот ќе го напојува батерија со поддршка за 100W брзо полнење.